Вкупно 30 натпревари ќе се играат денеска во рамки на бараж дуелите од Лига Европа. Македонскиот интернационален фудбалски судија Александар Ставрев е делегиран за дуелот Салцбург – Жалгирис.
Со него ќе бидат како помошници: Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека 4-ти судија е Дејан Јакимовски.
Победниците од овие баражите ќе играат во групите, каде веќе се пласирани екипите на: Валенсија, Бордо, Лацио, Анжи, Виган, Фрајбург, Виторија Гимараеш и Макаби Тел Авив. Покрај овие екипи во групите ќе играат и десет екипи, кои ќе бидат елиминирани од баражите од Лигата на шампионите.
Двојки за првите бараж дуели: Актобе – Динамо Киев, Динамо Тбилиси – Тотенхем, Карабах – Ајнтрахт Франкфурт, Кубан – Феенорд, Јаблонец – Бетис, Минск – Стандард, Атромитос -АЗ, Макаби Хаифа – Астра, Есбјерг – Сент Етиен, Калју – Днипро, Молде – Казан, Салцбург – Жалгирис, Сент Гален – Спартак Москва, Кукеши -Трабзон, Аполон – Ница, Елфсборг – Нордсјеланд, Хафнарфјордур – Генк, Пандури – Брага, Тромсо – Бешикташ, Свонси – Петролул, Партизан – Тун, Риека – Штутгарт, Војводина – Тираспол, Черноморец – Скендербег, Удинезе – Либерец, Варегем – АПОЕЛ, Грасхоперс – Фиорентина, Рапид Виена – Дила Гори, Есторил – Пашинг и Севиља – Сласк.