ВИДЕО: Камион со храна се преврте во Газа, најмалку 20 мртви

Од:

Најмалку 20 лица загинаа, а десетици беа повредени кога камион со хуманитарна помош се преврте врз група што чекаше помош да биде доставена во централниот дел на Појасот Газа рано утрово.

Палестинската државна новинска агенција WAFA соопшти дека несреќата се случила откако израелската армија го принудила камионот да тргне по небезбеден пат. Агенцијата не ја прецизираше точната локација на несреќата.

Снимка на која се гледаат убиени и повредени луѓе, објави палестинската агенција WAFA. Видеото може да го погледнете ОВДЕ. (ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ)

Службата за медиуми на владата во Газа ја обвини израелската армија за „инженерство на хаос и глад“ со тоа што намерно не успеала да обезбеди конвои со помош и ги принудила да користат претходно бомбардирани и непоправени патишта „преполни со гладни цивили“.

Израелскиот систем за дистрибуција на помош е широко критикуван како „стапица на смртта“ за гладните цивили.

Би можело да ве интересира

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна