ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Од:

Големиот студентски протест „Се гледаме на Видовден“ заврши на плоштадот Славија во Белград. После тоа, имаше судири меѓу граѓаните и припадниците на жандармеријата на неколку локации, прво во близина на Пионирскиот парк, каде што се организираа таканаречените чаци, односно оние кои се против блокадата на факултетот.

Кога истече ултиматумот што им го дадоа на властите – да распишат вонредни парламентарни избори и да го отстранат кампот од паркот, студентите ги соблекоа елеците. Српскиот претседател уште вчера им соопшти дека ултиматумот го одбива.

„Ова повеќе не е наш протест“, рекоа студентите.

Белградските медиуми јавуваат дека по тоа, се случила престрелка во близина на турската амбасада, биле фрлени неколку топовски истрели и ракетни факели.

На булеварот на Кралот Александар, во близина на Пионерскиот парк, покрај кордонот составен од студентски чувари и ветерани, се собраа голем број граѓани кои дојдоа таму од плоштадот Славија.

Како што објавија медиумите во Србија, покрај ова, имало и неколку други инциденти на улиците, односно судири меѓу граѓаните и полицијата.
Според проценка на полицијата, а тоа беше потврдено и од репортерот на N1 на денешните протести организирани од студентите се собрале три пати помалку луѓе пд 15 март. Ултиматумот што им го дадоа на властите истече во 21:00 часот, а тие најавија дека борбата продолжува за предвремени избори на кои ќе имаат свој студентски список.

Би можело да ве интересира

Шестмина повредени во инцидент во Белград, малолетник се бори за живот

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Катерина Ѓуровски

Илјадници луѓе на улиците на Лос Анџелес; Протестот против ICE ескалираше во судири

CBS: 1.500 американски војници се подготвени за интервенција во Минеаполис

Илјадници жители на Гренланд маршираа против Доналд Трамп: Направи ја Америка да си оди

Предраг Петровиќ

Хуманитарен работник e убиен во Иран, петмина се ранети