Специјалниот претставник на ЕУ на Косово Самуел Жбогар денеска изрази задоволство за нормалниот тек на вонредните парламентарни избори на Косово и ги повика граѓаните да излезат на гласање.
Жбогар при посетата на гласачкиот центар во салата „Први октомври“ во Приштина, изјави дека денешниот ден потсетува на празник, што всушност и е, бидејќи се избира ново раководство, пренесува Радио Слободна Европа.
– Среќен сум поради нормалниот тек на изборите, како што тоа беше случај и со локалните избори. Се надевам дека и така ќе остане, а веќе утре да имаме резултати и да видиме каков ќе биде составот на новата влада. Ги повикува сите луѓе да гласаат. Денеска е денот кога вашиот глас се слуша, истакна тој.
Членот на косовската Централна изборна комисија Бајрам Љатифи потврди дека гласањето се одвива во согласност со законите и дека нема поголеми проблеми на гласачките места.
Љатифи нагласи дека излезноста до 11 часот била 1,65 проценти помала во однос на изборите во 2010 година.