Зголемена фрекфенцијата на албанско-грчката граница

Од:

Наближувањето на новогодишната ноќ, видно ја зголеми фрекфенцијата на граничните премини на албанско-грчката граница, поради доаѓањето на емигрантите во родниот крај, јави дописникот на МИА од Тирана.

Најголем број од емигрантите минуваат преку преминот Какавија, кај Ѓирокастро, каде, според телевизијата Ора њус, во последните 24 часа минале 5739 албански државјани и 1297 возила, додека од Албанија излегле 3297 албански државјани и 742 возила.

Од албанската страна на преминот работат пет шалтери за влез и четири за излез, додека на грчка страна работат вкупно шест шалтери.

Исто така во последните 24 часа на преминот Капштица, кај Корча, влегле 4277 албански раѓани со 1122 возила додека излегле 1854 албански државјани со 505 возила. На тој граничен премин во Албанија влегле 255 странски државјани додека од албанска територија излегле 193 странци.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција