Зголемен број новозаразени и починати од Ковид-19 во Грција

Од:

Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број новозаразени, но и починати лица од Ковид-19 односно, од 113.940 направени тестови, потврдени се 27.490 случаи, што е 24,1 отсто од тестираните, додека пак починаа 73 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, од новите случаи, 10.058 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а 2.634 во Солун.

Приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници се 342 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 2.957.810 случаи на Ковид-19 и почина вкупно 27.341 лице.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина