Земјотрес во реонот на Анталија

Од:

Земјотрес со интензитет од 4,0 степени според Рихтеровата скала, изминатава ноќ е регистриран во реонот на јужниот турски град Анталија.

Како што соопшти истанбулската сеизмолошка опсерваторија Кандили, земјотресот се случил во 3.26 минути по локално време (1.26 часот по средноевропско време) на „голема длабочина“, со епицентар во реонот на местото Коркутели.

Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.

Последниве недели во реонот на Анталија беа регистрирани неколу послаби земјотреси. На 12 септември во областа на Анталија беше регистиран земјотерс со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала, а два дена претходно и потрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтер.

Би можело да ве интересира

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Серија земјотреси во близина на Нов Зеланд, со магнитуда до 6,8 степени