Земјотрес во близина на Мостар

Од:

Денес во 12:22 часот, Босна и Херцеговина беше погодена од земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, потврди Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот е регистриран 14 километри западно од Мостар, на длабочина од пет километри.

Според првичните информации, земјотресот е почувствуван во поширокото подрачје на Херцеговина, но и во Босна, Хрватска и Црна Гора. Најсилното тресење на земјата го почувствувале жителите на Мостар и околните градови.

Граѓаните на социјалните мрежи велат дека тресењето било кратко, но доволно силно за да се почувствува во становите и куќите.

Досега нема извештаи за материјална штета или повредени.

За потсетување, Херцеговина е сеизмички активно подрачје, а во овој дел од Босна и Херцеговина речиси секоја година се регистрираат благи и умерени земјотреси.

Би можело да ве интересира

Земјотрес по земјотрес: 6,8, па 6,5 степени

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно

Убиство во Мостар, се утврдува идентитетот на починатиот

А1он

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Силен земјотрес ја погоди Боливија