Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија.
Земјотресот е регистриран во 19.30 часот со епицентар на четири километри југозападно од Коплик во Албанија, соопшти Одделот за сеизмологија на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора.
Според информациите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 23 километри, на околу 16 километри од Скадар во Албанија, односно 32 километри југоисточно од Подгорица, а почувствуван е и во Црна Гора, соопшти ЦДМ.