Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Од:

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа бил регистрирана близу грчкиот остров Крит, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, пренесе „Катимерини“.

Според грчкиот весник, нема извештаи за повредени лица и предзвикани сериозни штети во потресот.

Земјотресот, според Националната опсерваторија во Атина, бил на длабочина од 64,4 километри, а епицентарот се наоѓал на околу 19 километри јужно од островот Касос.

Службите за итни случаи на Грција, како што наведува „Катимерини“ преку системот 112 издале предупредување за цунами, советувајќи ги локалните жителите да се евакуираат од крајбрежните области на Крит и блиските острови.

Потресите, според информациите, бил почувстуван дури до Израел, југозападна Турција и делови од Египет.

Грција се наоѓа на неколку сеизмички раседни линии поради што земјотресите се честа појава.

Во март годинава грчките острови Санторини, Иос, Аморгос и Анафи беа погодени од серија земјотреси.

Би можело да ве интересира

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција