Земјотрес ја погоди Црна Гора

Од:

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во 11 часот и 52 минути во Црна Гора.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил на околу 25 километри од Никшиќ.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Би можело да ве интересира

Убиен е еден од водачите на „Шкаљарскиот клан“

Во Црна Гора уапсени поранешен обвинител, полицајци, агент и бизнисмен

А1он

Земјотрес со јачина од 3,5 степени ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Силен земјотрес во близина на Истанбул, граѓаните во паника бегаа на улица

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипините, најмалку 60 лица загинаа

Нов, силен земјотрес на источниот брег на Камчатка