„Зелено светло“ за формирање на Специјалниот суд во Косово

Од:

Косовскиот Уставен суд одобри формирање на Специјален суд за воени злосторства, без оглед на барањето на опозицијата судот да ја оцени уставноста на амандманот 24 на косовскиот Устав, кој претставува основа за донесување на закон, објави денеска „Коха диторе“.

Уставниот суд и одобри на претседателката на Косово, Атифете Јахјага да го потпише указот за прогласување на двата закони кои произлегуваат од амандманот 24 – Закон за Специјален суд и Закон за правна заштита на потенцијално обвинетите во судските процеси пред Специјалниот суд.

Неименуван извор за „Коха диторе“ изјави дека се работи во неколку правци за формирање на Судот, вклучително и преговори со земјата-домаќин во која ќе се наоѓа Специјалниот суд, за просториите, како и за формирање на инфраструктурата на тој механизам, кој ќе биде само формално дел од косовскиот правен систем.

Пред една недела 24 пратеници од опозицијата побара од Уставниот суд на Косово да донесе одлука со која ќе се стави вон сила амандманот 24 од Уставот, неопходен за формирање на Специјалниот суд. Оспорена е и содржината и процедурата за усвојување на амандманите.

Опозицијата побара и да не се признаваат никакви правни последици кои би можеле да произлезат од амандманите, што подразбира и прекин на процедурите за формирање на Специјалниот суд.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица