Заврши состанокот во Брисел, утре ново продолжение

Од:

Денешниот состанок во рамките на техничкиот дијалог помеѓу Белград и Приштина за примена на договорот заврши, а ќе продолжи утре.

На дневниот ред денес беа полицијата и правосудството, а учесниците по состанокот не дадоа изјави.

Во белградскиот тим денес беа помошникот на министерот за внатрешни работи на Србија, Младен Курибак и заменикот на директорот на полицијата, Бранислав Митровиќ, пратени со експерти од Министерството за правда.

Вечерва се очекува да пристигнат и советникот на претседателот на Србија, Марко Џуриќ и координаторот на одборот за имплементација, Александар Вулин.

Од другата страна на столот беа потпретседателите на косовската влада Едита Тахири и Хајредин Кучи, како и функционери од одредени области.

Европската комисија ја претставуваше Фернандо Центилини, директор за Западен Балкан во ЕЕАС и близок соработник на Кетрин Ештон.

Покрај полицијата и правосудството, денес и утре ќе се разговара и за темите поврзани со спроведување на договорот кој на 19-ти април го парафираа претседателот на српската влада, Ивица Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи, а ќе се разговара и за електрична енергија и телекомуникација.

Се очекуваа оваа рудна да биде на исклучително интензивна, не само поради сложените теми, туку и поради роковите кои што се договорени на последниот бриселски состанок на Дачиќ и Тачи.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани