Заврши испрашувањето на момчето убиец: Одговараше пред родителите на жртвите

Од:

Штотуку заврши сослушувањето на момчето убиец кое на 3 мај уби девет врсници и обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Aдвокатите кои ги застапуваат семејствата на убиените, како и тројца родители излегле од судницата каде била воспоставена видео врска со психијатриската установа во која престојува момчето.

– На рочиштето присуствуваа адвокатите на семејствата, тројца родители од две семејства, бранителот на таткото на момчето, како и обвинителот на Вишото јавно обвинителство, кој го водеше испитувањето. Момчето било сослушано преку видео врска и одговорило на сите прашања во врска со постапката против неговиот татко за тешко кривично дело против општата безбедност.

Сослушувањето траеше четири часа. Родителите на жртвите видно потресени ја напуштија судницата.

Адвокатот Зора Добричанин Никодиновиќ, која застапува едно од семејствата, за Курир потврди дека момчето е сослушано преку видео врска и дека распитот е завршен.

По излегувањето од судницата, адвокатот кој го застапува таткото на момчето-убиец изјави дека момчето го потврдило тоа што неговиот татко го кажал претходно за време на рочиштето.

– Момчето на рочиштето го потврди тоа што таткото претходно го изјавил и објаснил за начинот на кој таткото го чувал оружје. Тој изјавил дека татко му првиот пат не му дозволувал да има контакт со оружјето. Момчето изрази каење за се што направи – изјави адвокатот.

Би можело да ве интересира

„Не сум виновна“, вели мајката на убиецот од „Владислав Рибникар“ во Белград

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски

Утре почнува судењето на родителите на Коста кој изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“

А1он

Убиецот од Врачар сака да замине во странство

Горан Наумовски

Пет прашања на кои денеска ќе одговори момчето убиец – ќе се реши ли клучната мистерија?

Предраг Петровиќ