Засилен надзор во породилиштата во Србија заради сомневања за кражба на бебиња

Од:

Министерството за здравство засили внатрешен и надворешен надзор во породилиштата поради сомневања за евентуални кражби на бебиња, изјави денеска министерката за здравство Славица Ѓукиќ Дејановиќ.

– Планираме од стручни комисии да добиеме сугестии што да се поправи, уреди и да се направи на експертски план, додаде таа.

Според неа, со законодавниот план во претходниот период е направено тие кривични дела да не застаруваат.

– Сите органи треба да работат своја работа, вклучувајќи ги и инспекциските служби од Министерството за здравство, вели таа и додава дека во случај сомневањата на родителите поврзани со кражба на бебиња да се точни, „тоа значи дека треба да стапат во акција истрагата и судството“.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани