Заседаваше Комисијата за надворешни работи на словенечкото Собрание по спорното писмо на Владата до Советот на Европа

Од:

Министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар, е повикан во Комисијата за надворешни работи на Собранието да го објасни писмото кое Владата го испрати до Советот на Европа, во кое пишува дека најголем дел од медиумите во Словенија потекнуваат од „комунистичкиот режим”.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Логар пред пратениците кажа дека можеби има замерки на стилот, но не и на содржината на писмото.

– Моето мислење е дека писмото можеше да се напише и поинаку, но се согласувам со содржината. Јас ќе ве прашам вас. Што во тој текст не е точно? – праша Логар.

Опозициските партии настапија здружено на комисијата со големи критики за министерот од кога побараа и оставка. Тие се на став дека со ваквите писмо се нарушува меѓународниот углед на државата и новинарите.

Инаку, писмото пред повеќе од еден недела го испрати Владата на Јанша од Советот на Европа како одговор на критиките дека тој и неговата Влада прават притисок врз новинарите и медиумите.

На содржината на писмото реагираа и речиси сите словенечки здруженија на новинарите, но и голем број политичари.

Би можело да ве интересира

ПССЕ: Во Македонија има бројните обвинувања за политизација на судството и корупција низ целиот јавен сектор

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг