Пожар, кој избувнал доцна синоќа, околу 23 часот целосно ги уништил просториите на Граѓанската иницијатива – демократија и правда на Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица, пренесува онлајн изданието на весникот „Коха диторе“, повикувајќи се на белградски медиуми.
Пожарот, кој основано се сомнева дека бил подметнат, пеплосал две канцеларии со се што имало во нив. Повредени нема.
На местото на настанот увид извршила косовската полиција. Ивановиќ инцидентот го оценил како политички мотивиран.