Заков: Протерувањето на руските дипломати од Бугарија е логично

Од:

Протерувањето на руските дипломати е логично, бидејќи кога нема почит се преземаат такви чекори, изјави бугарскиот министер за одбрана Драгомир Заков за БНТ.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Заков вели дека треба да се бара како руската држава да продолжи да биде претставена во Бугарија, на начин кој го почитува достоинството, територијалниот интегритет и суверенитет на Бугарија.

Според него, за да се дојде до ваква екстремна мерка, причините се комплексни, со претпоставка дека Државната агенција за национална безбедност има доволно податоци за активностите на тие дипломати или технички персонал на територијата на Бугарија, дека постои отворено непочитување кон Бугарија.

Руското раководство, кога размислува дали да ја затвори или не својата амбасада во Софија, треба да одлучи за шефот на руската мисија во Бугарија и да испрати некој кој ќе се однесува со почит кон бугарскиот народ.

Заков важи за еден од тројцата кандидати за премиер на Бугарија, кому „Продолжуваме со промените“ може да му даде можност да биде премиер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје