Загрижен сум за Турција, вели првиот човек на НАТО Столтенберг

Од:

Генералниот секретар на НАТО на прес конференцијата по првиот ден од министерскиот совет за надворешни работи се осврна на тензиите со Турција, но изрази надеж дека НАТО е местото каде можат да се надминат некои разлики.

Од повлекувањето од Истанбулската конвенција, до конфликтот во источниот Медитеран и купувањето на руско ракетно оружје, однесувањето на Турција сѐ повеќе загрижува во западните и европските престолнини.

Јенс Столтенберг, шеф на НАТО Алијансата, каде членува Турција, ова денеска го призна, но остави простор за надеж за надминување на разликите.

-Силно верувам дека треба да го искористиме НАТО како платформа за тие разлики, НАТО може да биде платформа каде се наоѓаат начини за надминување на некои од овие преокупации, рече Столтенберг давајќи го за пример механизмот за деескалација помеѓу Грција и Турција кои им овозможува редовни средби и размени на експертите од двете страни.

Северноатлантската алијанса е уверена дека и покрај тензиите и разликите, можен е напредок.

-И покрај разликите бродовите на НАТО во Егејот се присутни за да помогнат во имплементација на договорот помеѓу ЕУ и Турција кој се однесува на миграцијата, со тоа што имаме бродови на НАТО таму помагаме во зближувањето на ЕУ, Грција и Турција, така што, да, има разлики, ја изразив мојата загриженост, треба да се справиме со тоа но треба и да имаме предвид дека Турција е важен сојузник и дека ниеден друг НАТО сојузник не прима толкав број на бегалци на своја територија, нагласи Столтенберг.

Друга клучна тема на разговорите на министерскиот состанок денеска во Брисел беше и иднината на НАТО Алијансата, рестартирањето на трансатлантските односи со новата американска администрација, и во овој контекст, потребата за зголемување на заедничкото финансирање на НАТО.

Подоцна оваа година лидерите на земјите членки на НАТО ќе се сретнат за да разговараат во детали за предлозите за иднината на Алијансата, познато како НАТО 2030.

За генералниот секретар е извесно дека земјите членки покажуваат подготвеност за амбициозна агенда за Алијансата. Оваа иницијатива треба да го зајакне трансатлантското партнерство, колективната одбрана и да се постави НАТО како суштински столб на поредок базиран на правила, рече Столтенберг, посебно со оглед на тоа дека светот и ризиците се сѐ понепредвидливи.

-Затоа предлагам зголемување на заедничкото финансирање, изјави шефот на Алијансата.

Овој предлог меѓутоа нема силна поддршка од сите 30 земји членки. Иако Столтенберг не можеше да ги обелодени поединечните ставови на земјите, тој потврди дека волја за посилно и поотпорно НАТО има кај сите.

-Еден од предлозите е заедничкото финансирање, ако сакаме да направиме повеќе тоа ќе има последици за финансирањето, не разговаравме за специфични бројки, ќе продолжиме да дискутираме и предлогот ќе се прецизира, рече Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски

Русите го затворија Каспиското Море за НАТО