Загребската арена, која е најголемата спортска сала во Хрватска, станува болница за потребите на пациентите кои се заразени со коронавирус.
„Имаме основни, секундарни и терцијарни центри. Еден од секундарните ќе биде и Загребската арена“, рече хрватскиот министер за здравство Вили Берош.
Според хрватските медиуми, во арената ќе бидат сместени болните пациенти со полесна клиничка слика, со цел да се ослободат болниците за хоспитализација на потешко заболените.
Креветите ги поставуваат припадниците на хрватската граѓанска заштита.
Хрватска до сега регистрираше над 110 лица кои се инфицирани со коронавирус, а според хрватските власти, бројот на заболени и натаму ќе се зголемува.