Загреб и официјално против изложбата за „Јасеновац“

Од:

Хрватското МНР ја обвини Србија дека со изложбата за „Јасеновац“ во седиштето на Обединетите нации во Њујорк манипулира и пласира лажни податоци, како и дека страдањето на жртвите во тој усташки логор од Втората светска војна го користи за пропагандни цели, објави РТС.

„Министерството за надворешни работи го осудува обидот за поставување изложба за логорот ‘Јасеновац’ на просторот на ОН да се искористи за манипулација и пласирање лажни податоци“, се наведува во соопштението од хрватското МНР кое го пренесе „Хина“.

Претходно белградски „Новости“ обелодени дека Хрватска на сите начини се обидува да ја спречи изложбата, но дека се откажала откако генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, лично ја одобрил.

Официјален Загреб преку дипломатски канали бараше ОН да ја забрани изложбата и нејзината мисија во покатоличувањето на Србите, како и откривањето на бројот на загинати за кој се зборува во филмот што е дел од настанот, пренесе РТС.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин