Забранет влез во Црна Гора за синот на Кељменди

Од:

Граничната полиција на Црна Гора не дозволи влез во земјата за Бесник Кељменди, син на обвинетиот нарко-дилер Насер Кељменди.

Тој синоќа се обидел да влезе од Косово во Црна Гора, но граничната полиција тоа не го дозволила, пишува весникот „Вијести“.

Шефот на рожајската гранична полиција Авдија Калач рече дека Кељменди не ги исполнува условите за влез во државата, не прецизирајќи за кои услови се работи, ниту од кога е во сила таа одлука.

Бесник Кељменди тврди дека до пред два дена непречено престојувал во Улцин, каде го води семејниот хотел и оти завчера попладне заминал деловно во Косово, по што без образложение не му е дозволено да се врати.

– Не можам да сфатам од која причина ми е скусена слободата на движење во држава во која легално поседувам хотел и друг недвижен имот. Фирмата која ја водам редовно плаќа данок на државата. Ако имам некаков прекршок нека ми кажат, и тоа не само во Црна Гора, туку каде било во светот. Никому ништо лошо не сум направил, објаснува Кељменди.

Тој се сомнева дека причината за забранет влез во Црна Гора би можел да биде неговиот татко Насер Кељменди, против кого, како што вели, во Црна Гора нема ништо.

Црногорските медиуми претходно пишуваа дека на членовите на семејството на Насер Кељменди им е забранет престој во Црна Гора бидејќи претставуваат опасност по националната безбедност.

Насер Кељменди се наоѓа на црната листа на САД и на потерница на Интерпол, каде е означен како еден од најопасните нарко-дилери на Балканот. Тој е сопственик на имот во Црна Гора, БиХ, Србија, Косово, Словенија, Дубаи и Турција.

Кељменди, кој инаку е државјанин на БиХ, беше уапсен во мај 2013 година, во околината на Приштина на барање на босанскохерцеговските власти. Полицијата го смета за „мозокот на организираниот криминал во БиХ и во регионот“.

Насер Кељменди успеа да побегне во 2012 година, кога полицијата во БиХ покрена голема операцијата „против најголемата криминална организација“ во земјата којашто се занимавала со трговија со дроги и била вмешана во убиства коишто досегаа до структурите на власта.

Во БиХ Кељменди е обвинет за продажба и распространување наркотици во Јужна Америка, Турција, Србија, Хрватска и западна Европа.

БиХ и Косово немаат потпишан договор за екстрадиција.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски