Забрана за патување на Кинези во Црна Гора, под надзор 212 лица

Од:

Црногорскиот државен секретар за туризам Дамир Давидовиќ потврди дека е договорено со туристичките организации, кои носат туристи од Кина, да се откажат сите аранжмани на неопределено време, поради ширење на коронавирусот.

Министерот за здравство на Црна Гора, Кенан Храповиќ истакна дека под здравствен надзор се наоѓаат 212 лица кои влегле во земјата.

Тој по одржување на владината седница нагласи дека здравствениот систем е „апсолутно подготвен за евентуална импортација на случаи заразени со коронавирусот“.

Храповиќ објасни дека 212 луѓе имаат обврска да им се јавуваат на здравствените власти, а „сите гранични премини се целосно опремени“.

Би можело да ве интересира

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните