За три дена 141 пожар во Грција

Од:

Во изминатите 72 часа, односно за само три дена во Грција бил регистриран вкупно 141 пожар, а повеќето од нив веднаш биле ставени под контрола, соопшти портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Иконому истакна дека од „ланското непријатно искуство“ со пожарите извлекле поуки, се реорганизирале и оваа година можат подобро да управуваат со пожарите, како во однос на превенцијата, така и во однос на справувањето.

Детално се осврна на пожарот што е ативен веќе петти ден во Националниот парк Дадиа во областа Еврос, бидејќи, како што објасни, станува збор за вреден и еколошки важен шумски екосистем, 42.000 хектари со многу густа вегетација и непрооден и невозможен пристап.

Одговарајќи на новинарско прашање дали постојат докази за евентуално пожарите да се подметнати Иконому рече дека „сè се истражува“, нагласувајќи дека постојат области како што е регионот Илиа на Пелопонез, за кои има сериозни индиции и каде предизвикува загриженост честото појавување на пожари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Грција денеска избувнал 71 пожар

Горан Наумовски

ВИДЕО: Речиси 600 пожарникари го гаснат пожарот во Еврос кој гори веќе 14 дена

ВИДЕО: Пожарите во Грција и натаму беснеат, наредена евакуација

(ВИДЕО) Пекол во Грција: Во еден ден избија 60 пожари, огнот однесе најмалку 20 жртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Гори на Скијатос, пожар и кај Атина

Катерина Ѓуровски

По две недели пожарите во Грција стивнуваат

Катерина Ѓуровски