ВИДЕО: Гори на Скијатос, пожар и кај Атина

Од:

Пожар избувна на грчкиот остров Скијатос. Според јавувањата на грчките медиуми, огнот зафатил шумска област.

Пожарот го гаснат 15 пожарникари со шест возила, а два авиона исфрлаат водат од воздух.

Шумски пожар избувна синоќа во ридската област Неа Перамос, недалеку од Атина, по наплатната рампа на автопатот кај Елефсинос.

Грчката телевизија ЕРТ јави дека бројни сили на Противпожарната служба го изгаснале пожарот на лице место, а патот кон Коринт кој бил затворен е повторно пуштен за сообраќај.

Пожарот избувнал околу два часа по полноќ и брзо се проширил, со оглед на тоа што на ова подрачје дува силен ветер кој го турка огнениот фронт кон планината.

Како што соопшти Противпожарната служба во 04:00 часот утринава, во околината има неколку куќи, но тие не се директно загрозени од пожарот.

Во акцијата за гаснење на пожарот учествуваат 58 пожарникари со 21 противпожарно возило.

Би можело да ве интересира

Во Грција денеска избувнал 71 пожар

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Грчки дипломатски извори: Македонија имаше доволно време за замена на пасошите, нема барање за продолжување на рокот

Маж убиен со повеќе од 10 куршуми среде ноќ во Атина

Во Атина: Го убил помалиот брат по расправија за облека

ВИДЕО: Албанец застрелал тројца пред клуб во Атина

Катерина Ѓуровски