ВИДЕО: Речиси 600 пожарникари го гаснат пожарот во Еврос кој гори веќе 14 дена

Од:

Пожарот во Еврос во североисточна Грција гори веќе 14-ти ден, а пожарникарите се борат да го запрат и да спречат да се прошири кон Суфли и Протоклис.

Во гаснењето на пожарот се вклучени 582 пожарникари со 129 возила и 16 единици без возила, како и шест авиони и два хеликоптери, јави порталот Катимерини.

Вкупно во регионот изгореа повеќе од 808,7 квадратни километри.

На Парнита, планина северно од Атина, пожарникарите гаснат пожар на југозападната страна.

Ризикот од пожари останува висок во многу делови на Грција и денес, а членовите на Противпожарната служба и понатаму се во општа готовност.

Двајца високи претставници на Противпожарната служба за „Катимерини“ изјавија дека нема оперативни слабости во гаснењето на пожарот во Еврос, кој трае веќе 14 дена и оценија дека пожарот не може веднаш да се прекине.

Наведоа дека приоритет е безбедноста на луѓето и инфраструктурата и посочија дека за ширење на пожарот придонеле ветровите и сувото земјиште.

Но, граѓаните и претставниците на локалната самоуправа укажуваат на проблеми во координацијата кога на едно место дејствуваат пожарникари од други места, кои не ја знаат морфологијата и спецификите на загрозеното подрачје.

Би можело да ве интересира

Во Грција денеска избувнал 71 пожар

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарите во Грција и натаму беснеат, наредена евакуација

(ВИДЕО) Пекол во Грција: Во еден ден избија 60 пожари, огнот однесе најмалку 20 жртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Гори на Скијатос, пожар и кај Атина

Катерина Ѓуровски

По две недели пожарите во Грција стивнуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Со бебиња в раце панично бегаат – драматични снимки од експлозијата и евакуацијата на Волос

Катерина Ѓуровски