ВИДЕО: Пожарите во Грција и натаму беснеат, наредена евакуација

Од:

Во Грција беснеат пожари во регионот на Еврос на северот од земјата, а особено голем пожар има во близина на шумата во Дадија кој се уште не е ставен под контрола.

Во неделата попладне беше наредена евакуација за Лефкимија и Каситери.

Во Лефкимија пожарот се приближил до првите куќи, но бил спречен од пожарникари и доброволци.

Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола пожарот во близина на шумата во Дадија за да не се прошири во шумата.

Погодените подрачја на Еврос денеска ќе ги посетат министри, а денеска ќе започне и поднесување барања за парична помош за граѓаните кои претрпеа штети во пожарите, објави ЕРТ. Портпаролот на противпожарната бригада Јанис Артопиос изјави дека е отворена истрага за можноста пожарите во областа Еврос да се подметнати.

Би можело да ве интересира

Во Грција денеска избувнал 71 пожар

Горан Наумовски

ВИДЕО: Речиси 600 пожарникари го гаснат пожарот во Еврос кој гори веќе 14 дена

(ВИДЕО) Пекол во Грција: Во еден ден избија 60 пожари, огнот однесе најмалку 20 жртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Гори на Скијатос, пожар и кај Атина

Катерина Ѓуровски

По две недели пожарите во Грција стивнуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Со бебиња в раце панично бегаат – драматични снимки од експлозијата и евакуацијата на Волос

Катерина Ѓуровски