За Рама обвинувањата кон Бреговиќ се фашисичка хистерија

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на обвинувањата против пејачот Горан Бреговиќ кој настапи синоќа во Корча, наведувајќи дека Бреговиќ бил претворен во „криминалец“ иако не рекол ништо против Албанците и не пеел за масакрите на Милошевиќ.

Однесување на некои ги смета за фашистичка хистерија и срам за албанската историја и традиција, што, според него, воопшто не се разликува од хистеријата на линч на фашистичките групи насекаде во светот.

Посочува дека никој и никаде, не дал ниту еден доказ за да ја оправда средновековната хистерија што избувна против еден од најизвонредните музичари на Балканот.

-Тоа беше фашистичка хистерија, срамна за европската култура на Албанците, исто така и за нашата историја и традиција, однесување кое за жал не се разликуваше воопшто од линч -хистеријата на фашистичките групи насекаде низ светот. Која е разликата, на пример, од оние кои во Србија ја навредуваат Дуа Липа со највалканиот речник на нејзините социјални мрежи, само затоа што таа е горда Албанка од Косово, која излегува завиткана во двете знамиња на нашите земји, со оние што на најниско ниво на нашите социјални мрежи пишуваат за Горан Бреговиќ, третирајќи го како воен злосторник и напразно обвинувајќи го само затоа што пее на српски, наведува Рама на објава на социјалните мрежи каде постира и видео запис од величенствениот концерт на Бреговиќ.

Додава дека познат новинар Албанец од Косово, кој е меѓународно почитуван и придонесува за престижните трибини на светскиот печат, отворено рекол дека Горан Бреговиќ нема никаква врска со ниту една од црнините кои му ги препишуват потпалувачите на образа, како во Приштина така и во Тирана

-Но, познатиот музичар од Сараево, со татко Хрват, мајка Србинка и жена Босанка муслиманка, се претвори во „српски криминалец“, кој требаше да изгори во пожарите на албанскиот август, и покрај фактот дека не е Србин, меѓу другото. Иако Бреговиќ не кажал никогаш ништо против Албанците, воопшто не пееше за масакрите на режимот на Милошевиќ и никаде не беше поддржувач на тој режим, ниту со зборови, ниту со дела, вистината не беше важна. Она што беше важно беше огнот на слепата политика, која создава непријатели, се храни со непријателства и живее за непријателство. Колку убаво рече еден од генијалните пиромани: Сакам да го слушам Бреговиќ, но не сакам да го гледам Еди Рама со свои очи, напиша Рама во објава на социјалните мрежи.

Рама на подолгата објава констатира дека едните од другите се разликуваат само по тоа што првите пцујат и пцујат на српски јазик, додека вторите изговараат навреди и клетви на албански јазик и оти двете страни верно припаѓаат на ниската човечка категорија со слепа омраза.

Објавата на Рама е всушност и одговор на дел од оние кои го критикуваа дека Бреговиќ на Пиво фест во Корча (Корчарско пиво) учествувал по негова желба. Во 2006 година, кога Рама беше градоначалник на Тирана на Бреговќ му го подари клучот на албанската метропола.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Албанија

Горан Наумовски

УЕФА ја казни Албанија

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин

Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство