За една недела во Грција се уапсени 194 лица за прекршување на превентивните мерки за коронавирусот

Од:

За прекршување на превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, во Грција за една недела се уапсени 194 лица, во 184 случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката полиција, минатиот четврток почна со интензивни контроли, а прекршоци биле регистрирани во однос на забраните, одлуките и ограничувањата што се однесуваат на фризерски салони, фурни, слаткарници, продавници за гардероба, кафулиња, ресторани, таверни, цвеќарници, спортски игралишта и сл.

Според податоците од грчката полиција, прекршувања имало во цела Грција, а најголем број од регистрираните се во областа Атика, поширокиот регион Атина (74).

Во текот на вчерашниот ден, за 17 прекршувања, биле уапсени 20 лица, а од грчката полиција велат дека „со несмален интензитет ќе продолжат со контролите со цел да се заштити јавното здравје“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит