За една година грчката полиција запленила 13 тони марихуана од Албанија

Од:

Грчката полиција соопшти дека во текот на последната година запленила 13 тони марихуана прошверцувана од Албанија.

Според полициската статистика, станува збор за запленета дрога во перодот од февруари 2016 до февруари годинава.

– Загрижувачки е трендот на постојан раст на шверцот со наркотични растенија, бидејќи грчките граѓани главно се корисници на лесни дроги, како што е марихуната, која главно стигнува од Албанија, како и на екстазите. Хероинот, што приситигнува од Турција, главно транзитира преку Грција за западноевропските земји преку нашите пристаништа, потврди извор од грчката полиција за тиранската телвизија „Топ чанел“.

Истиот извор додава дека и кај „дрогата на богатите“, како што се нарекува кокаинот, има пад во употребате, пред се, поради економските тешкотии низ кои минува Грција.

Во споменатиот период освен 13-те тони марихуана, грчката полиција запленила и 300 килограми чист хероин,125 килограми кокаин, 55.470 садници марихуана и 76.357 дози екстази. Регистрирани се и 12.333 случаи на шверц на дрога во кои се уапсени 16.043 лица.

Инаку, во изминатите два месеца од годинава грчката полиција запленила три тони марихуана, исто така, прошверцувана од Албанија и 106 килограми хероин.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница