За девет месеци Албанија ја посетиле над 6,4 милиони странски туристи

Од:

Во периодот јануари-септември годинава, Албанија ја посетиле над 6,4 милиони странски туристи, што претставува зголемување од 31,8 отсто споредено со 2021 година јавија албанските медиуми, повикувајќи се на официјалната статистика објавена денеска.

Околу 6 милиони од посетителите за цел на посетата изјавиле дена е туризам или посета на роднини.

Најголем раст е забележан кај посетителите од Шпанија, кои годинава се четирипати побројни во однос на минатата година. Двојно поголем е бројот на туристите од Велика Британија.

Во септември во Албанија влегле 1,2 милиони албански и странски државјани, што е за 52,2 отсто повеќе од 2021 година. Од нив 761.544 биле странски државјани или 54,1 отсто.

Податоците на албанската централна банка покажуваат дека странските туристи во земјата во првите шест месеци од годината потрошиле 1,13 милијарди евра, што е за 64 отсто повеќе од 2021 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он