За 24 часа во Грција починаа 108 лица од Ковид-19

Од:

Во изминатите 24 часа, во Грција починаа 108 лица од Ковид-19, што е нов негативен рекорд на смртни случаи на дневно ниво во земјата. На апарати се приклучени 522 пациенти, односно тројца повеќе од вчера.

Во однос на новозаразените, во споредба со вчера и завчера, бројот е намален, регистриран се 2.311 нови случаи, од кои 606 се во Солун и 382 во областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани вкупно 90.121 лица заразени со коронавирусот, а починаа 1.527 лица

Би можело да ве интересира

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Над 130.000 заразени и 241 починат од Ковид-19 за една седмица во Грција

Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови на Грција

Грција ги укинува речиси сите рестриктивни мерки за Ковид-19

Продолжено времетраењето на сертификатите во внатрешноста на Грција