Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Од:

Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 40.100 случаи на Ковид-19, од кои 23 проценти се реинфекции, а починале 180 лица, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

dobivaj vesti na viber

Бројот на заразени во периодот од 29 август до 4 септември 2022 година е за 22 отсто помал во споредба со една седмица претходно, а пад има и во смртните случаи, односно намалување за 19 проценти.

Во конкретниот период биле направени 574.366 тестови, со стапка на позитивност 6,98 отсто.

Од почетокот на пандемијата во Грција се потврдени 4.804.982 случаи на Ковид-19, а починаа 32.757 лица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Намален бројот на починати и заразени со Ковид-19 во Грција

Над 130.000 заразени и 241 починат од Ковид-19 за една седмица во Грција

Зголемен бројот на случаи на Ковид-19 во туристичките делови на Грција

Грција ги укинува речиси сите рестриктивни мерки за Ковид-19

Продолжено времетраењето на сертификатите во внатрешноста на Грција

Во Грција од денеска маските не се задолжителни на отворено