За 16 отсто намален бранот бегалци и мигранти во Грција во месец март

Од:

Намалување на брановите бегалци и мигранти, намалување на бројот на лица сместени во прифатните центри на островите, зголемен број префрлања во континентална Грција, се главните заклучоци од извештајот за месец март на Министерството за миграција и азил на Грција за ситуацијата во бегалското/мигрантското прашање во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Бројот на бегалци и мигранти кои пристигнале на во Грција, на островите и кај Еврос е намален за 16 отсто во текот на март, како во споредба со февруари годинава, така и во споредба со истиот период лани.

Во јануари пак имало зголемување за 26 отсто, а во февруари 15 отсто, споредбено со истите месеци во 2019 година.

Според податоците во месечниот извештај, од островите во другите делови на Грција, во првите три месеци од годинава, биле префрлени 10.687 бегалци и мигранти, а согласно договорот ЕУ- ТУрција, во Турција биле вратени 139 лица.

Во овој момент, враќањата во Турција се прекинати.

Во Центрите за прием и регистрација на островите, во март, намален е за 5,3 отсто бројот на сместени бегалци и мигранти, во однос на декември минатата година, а заклучно со 31 март, на Лезбос, Хиос, Самос, Кос, Лерос и останатите помали острови, престојуваат 40.139 лица.

Неразгледаните барања за азил намалени се за 4,7 отсто во март и 2,7 проценти во првото тромесечје од годинава и нивната бројка денес изнесува 120.165 неразгледани одлуки, наспроти 123.515 на 31 декември 2019 година.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Силен земјотрес во Грција