Вулин продолжува избезумено да ја напаѓа Европската унија: Вие сте лицемери и лажговци

Од:

Министерот за внатрешни работи Александар Вулин оцени дека изјавите кои доаѓаат од ЕУ дека во Србија може да се воведат визи и да се укине визната либерализација се „невистинити, но и лицемерни“.

„Ако проблемот на Европската унија е што околу 500 граѓани на Бурунди кои побарале азил дошле преку Србија, тогаш проблемот е веројатно уште поголем со неколку милиони луѓе кои дошле од Сирија или Авганистан“, рече Вулин во изјавата.

Тој нагласи дека Србија не ја започнала војната во Сирија, дека 20 години не владеела со Авганистан и дека не ја иницирала „арапската пролет“ во Тунис, од каде што доаѓаат и мигрантите.

„Ако Европската унија треба да ја казни Србија затоа што не воведе санкции кон Руската Федерација, затоа што одбива да го признае Косово и затоа што одбива да ја напушти Република Српска, нека најде барем некоја вистинска причина. Беа лицемерни и доволно лажеа“, изјави Вулин.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија