Вулин: Ослободувањето на Шешељ е обид за дестабилизирање на српската Влада

Од:

Министерот за труд, ветераните и социјална политика во српската Влада, Александар Вулин денеска оцени дека пуштањето на слобода на лидерот на радикалите Воислав Шешељ е политичка порака на Хашкиот трибунал и обид за дестабилизирање на Србија, пишува весникот „Данас“.

Според Вулин, ослободувањето на Шешељ е обид за дестабилизирање на српската Влада и заплашување на нејзиниот премиер Александар Вучиќ.

Тој истакна дека Трибуналот имал за цел да го натера Вучиќ да се откаже од политиката на истовремена соработка и со Русија и со ЕУ.

Вулин додаде дека Западот и претходно го уценувал Вучиќ дека доколку не се откаже од ваквата политика, ќе ја дестабилизира Србија, нагласувајќи дека Западот не треба да му се заканува на премиерот, бидејќи тој нема да ја промени својата политика.

– Не може да се дестабилизира една земја кога таа има силна Влада и таа функционира, изјави Вулин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне