Вулин: Македонската полиција нема капацитет да ја чува границата

Од:

Границата од македонска страна е премногу лошо чувана, а Србија прави се за да спречи влез на мигрантите на нејзина територија, изјави српскиот министер за социјална работа, Александар Вулин.

– Се плашам дека македонската полиција нема капацитет да ја контролира границата. Границата од нивна страна е многу лошо чувана, рече Вулин за РТС.

Тој додаде дека грницата на Србија е добро обезбедена и дека околу 400 мигранти се вратени во Македонија.

– Синоќа единиците на српската жадармерија запреа 21 група со околу 400 луѓе и ги врати на територијата на Република Македонија. Пред неколку дена имаше педесетина групи со 1320 луѓе. Веќе се слуша дека нашата граница е добро чувана, дека е цврста, рече Вулин за РТС.

Тој посочи дека полицијата е најзначајна во овој процес и дека е постигнат договор полициите на Србија, Унгарија и Австрија да патролираат на границата помеѓу Србија и Македонија, со оглед дека македонската полиција нема капацитет тоа самата да го реши.

Тој додаде дека ниту еден мигрант не останал без храна и здравствена заштита во Србија.

Би можело да ве интересира

Кривична за екс директорот на затворот во Струмица: Пуштал да се шетаат затвореници кои немале право на привилегии, манипулирал со документацијата

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

МВР бара помош од граѓаните: Кој има информација за Марк Јорис веднаш да не алармира

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Претрес во Штип, пронајдена дрога

Предраг Петровиќ

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ