Вулин: Голема Албанија е најголема безбедносна закана за Србија и Балканот

Од:

Најголема безбедносна закана за Србија и за балканскиот регион е создавањето на Голема Албанија, изјави денеска српскиот министер за одбрана Александар Вулин на средба со неговиот грчки колега Евангелос Апостолакис во Ниш.

Како што соопшти српското Министерство за одбрана, Вулин нагласил дека тој лично ја поддржува политиката на Грција, како и Преспанскиот договор.

Апостолакис, од своја страна, „ја пофалил мудрата политика за решавање на косовското прашање“ на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој изразил надеж дека ќе се најде компромисно решение за косовското прашање и при тоа ја потврдил поддршката на Грција за територијалниот суверенитет и интегритет на Србија.

Во соопштението се нагласува дека двајцата министри разговарале за актуелната соработка во сферата на одбраната и се сложиле дека постои простор за нејзино унапредување, при што како најзначајна област за соработка го истакнале одржувањето на заеднички воени вежби.

Би можело да ве интересира

Претепан српскиот министер Никола Селаковиќ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Студентите кои сакаат да учат се собраа пред српското Претседателството: Остануваат цела ноќ

(ВИДЕО) Тепачка пред белградското собрание: Приватно обезбедување се пресмета со граѓаните кои протестираа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Опозиционерите пееја химна, пратениците на власта гласаа без дискусија во белградското собрание

Катерина Ѓуровски

Лажна била дојавата за поставена бомба во српското Народно собрание

Дојава за поставена бомба во српското Собрание

Горан Наумовски