Вучиќ: Заедно со народот, се борев и ја кренав Србија од пепелта

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи на својот Инстаграм профил.

– Заедно со народот, се борев и ја кренав Србија од пепелта. Додека сум жив, ќе се борам против сите што ни посакуваат зло – рече Вучиќ.

Вучиќ се сретна со тимовите одговорни за енергетската стабилност и безбедност на земјата и рече дека биле разгледани сите актуелни предизвици и дека се донесени важни заклучоци со цел да се заштитат интересите на Србија и да се обезбеди безбедно и сигурно снабдување за граѓаните и економијата на Србија.

– Продолжуваме да работиме одговорно, сериозно и посветено, со целосно разбирање на сложените околности во кои се наоѓа цела Европа – рече претседателот Вучиќ во објава на Инстаграм.

Како што изјави, Србија доследно ќе спроведува мерки што ја штитат нејзината енергетска безбедност и долгорочните национални интереси.

Би можело да ве интересира

Србите го демантираат Орбан: Украина нема врска со експлозивот кај гасоводот

ВИДЕО: Орбан отиде на границата со Србија, поради „експлозивот на гасоводот“

(ВИДЕО) Вучиќ: Можно е наскоро да го ограничиме извозот на храна

Осуетен напад со експлозив што можеше да ги остави Србија и Унгарија без гас

Горан Наумовски

Вучиќ не сака да се кандидира за премиер на Србија

А1он

Вучиќ: Граѓаните дека сите можат да бидат мирни, државата си ја врши работата одговорно