Вучиќ за утре закажа седница на Советот за национална безбедност

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ за утре во 12 часот закажа седница на Советот за национална безбедност, јави дописникот на МИА од Белград.

Според соопштението од кабинетот на српскиот претседател не се наведува која е причината за одржување на седницата, а медиумите пишуваат дека темите се поврзани со војната во Украина, настаните на Косово поврзани со изборите, како и енергетските и прашањата за снабдување со основни залихи на храна, кои се исто така во фокусот поради војната што се води на европско тло.

Последната седница на Советот за национална безбедност се одржува на 25 февруари, кога темата беше поврзана со војната во Украина, но и со ставот на Србија по прашањето за тие настани. Тогаш Советот за национална безбедност донесе заклучок од 15 точки во кој се изразува ставот на Србија за ситуацијата во Украина. Во документот, меѓу другото, се нагласува дека Србија дава целосна и принципиелна поддршка за почитување на територијалниот интегритет на Украина, дека се залага за мир, но и дека во овој момент не е во витален интерес на Србија да воведе санкции кон Русија или која било друга земја.

Советот за национална безбедност е орган на Република Србија кој врши задачи и должности од областа на националната безбедност, разгледува прашања од областа на одбраната, внатрешните работи и работата на безбедносните служби, а на надлежните државни органи им предлага мерки за унапрдување на Националната безбеднсот.

Членови на Советот се претседателот на државата, премиерот, министрите за одбрана, за внатрешни работи и за правда, началникот на Генералштабот на војската на Србија и директорите на безбедносните служби.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ