Вучиќ за ковид пасошите со вакцини одобрени од ЕУ: Веднаш ќе примам кинеска вакцина

Од:

Во обраќање до граѓаните на Србија од Бахреин, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги коментираше последните најави од Европската унија за можност за патување само со примени вкацини одобрени во ЕУ.

-Би било неразумно, но ако ја донесат одлуката ќе биде одлично за нас. Како ќе го забранат доаѓањето на унгарскиот премиер кој беше вакциниран со кинеска вакцина? Сега и мене кога слушнав, ме забрзаа да се вакцинирам со кинеската вакцина, а потоа ако не ме прифатат во Брисел, нема ништо од дијалогот со Приштина, изјави Вучиќ.

Според него најавата на ЕУ за воведување на ковид пасоши со одобрени вакцини од ЕУ е лоша и скандалозна одлука, спротивна на највисоките европски вредности.

Тој наведе дека во тој случај, Србија ќе направи лабораторија за брзи PCR тестови и дека ќе ги издава резултатите за два часа, така што луѓето што примиле кинеска вакцина „може да одат каде сакаат во Европа“.

-Ние од Европа не добивме ниту една вакцина, што значи дека никој од Србија и целиот регион нема да има право да патува во ЕУ, потенцираше Вучиќ.

Тој оцени дека не треба да се мери според бојата на знамето дали ви се допаѓа вакцината.

-Сакам да верувам дека никој во Европа сериозно не размислува за таа одлука. Ако ја донесат, ќе ја разбереме нивната порака и што мислат за нас и за нашиот регион. Нашата земја ќе се развива со молскавична брзина – заклучи Вучиќ.

Предлогот за воведување на таканаречени „ковид-пасоши“ за слободно движење во рамките на ЕУ, што ќе биде предложен на 17 март, ќе важи само за вакцинирање со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови. Ова е затоа што неодобрените вакцини нема да бидат опфатени со клаузулата за одговорност и контрола на квалитетот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: За 10 години направивме колку Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

Полицијата уапси маж кој им се закануваше на Вучиќ и на Брнабиќ

Горан Наумовски

Вучиќ со воз кон Сремска Митровица: Очекувам 120 илјади луѓе

(ВИДЕО) Се откачи тркало од автомобилот со кој патуваше Вучиќ

Горан Наумовски

Вучиќ: Во Србија нема да има Шарена револуција

Вучиќ: Ги повикувам Србите од Косово да излезат на избори и да гласаат за Српската листа