Вучиќ за генералниот штрајк: Има многу лудаци во Србија

Од:

Студентите кои повеќе од два месеца блокираа околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, повикаа на генерален штрајк утре.

Во исто време, српскиот претседател Александар Вучиќ и владејачката Српска напредна партија повикаа на голем митинг во Јагодина што треба да го одбележи формирањето на „народното движење за пристојна Србија“.

Генерален штрајк најавија некои од синдикатите, угостителите, претприемачите и културните институции, а некои медиуми (опозициски настроените) ќе известуваат исклучиво за него или ќе молчат 15 минути од 11:52 до 12:07 часот, кога ќе се одржи 15-минутен молк.

Студентите во блокадата ги повикаа граѓаните на Србија во петок целосно да ги прекинат сите активности, наведувајќи дека „генералниот штрајк“ треба да биде израз на општа граѓанска непослушност и граѓанска солидарност.

Опозициските портали на групата Јунајтед Медиа – Нова.рс, Данас, Радар, Спортклуб, ТВ Нова, како и весниците Нова и Данас објавија дека се приклучуваат кон генералниот штрајк.

На штрајкот се приклучува и српската ИТ заедница. „За многу краток период собравме луѓе од над 50 компании кои работат во Србија во ИТ секторот и тој број расте“, беше објавено на социјалната мрежа Линкедин.

Затворени ќе бидат и кината, соопштија од компанијата Cineplexxrs.

Штрајкуваат и најголемите книжарници и издавачки куќи со седиште во Белград, кои имаат продажни места низ Србија.

Ќе штрајкува и белградскиот културен центар.

Една од најпознатите белградски слаткарници „Фердинанд“ ќе ги затвори вратите, како и познатата белградска продавница за чевли и облека „Идентити стор“.

На генералниот штрајк ќе се приклучат и некои ноќни клубови.

Студентите во Србија кои блокираат, ги повикаа граѓаните на целосно исклучување на 24 јануари. Според нивниот повик, граѓаните тој ден треба да отсуствуваат од работа, а работодавачите се повикуваат да ги откажат активностите и состаноците.

За оние кои се плашат од реакциите на работодавачот, студентите предлагаат да земат слободен ден, да отворат боледување или да даруваат крв.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја коментираше најавата за генерален штрајк од Давос, каде што е на Светскиот економски форум.

Тој рече дека ниту студентите не знаат кое од барањата не е исполнето.

„Не ни треба насилство. Сакаме да разговараме со студентите, со сите, секогаш сме биле за дијалог и тие да ни објаснат кои барања не се исполнети“, рече Вучиќ од Давос.

Вучиќ истакна дека во Србија има многу лудаци.

„Гледам дека некои најавуваат дека утре нема да одат во теретана, дека лебот ќе го купат порано, дали тој ден ќе ручаат или вечераат… Во нашата земја има многу лудаци“, додаде Вучиќ.

Меѓу барањата на студентите се објавување на документи за реконструкција на железничката станица во Нови Сад, во чие уривање загинаа 14 лица, меѓу кои и неколку деца, запирање на кривичната постапка против уапсените студенти, гонење на одговорните за нападите на студентите и професорите, зголемување на буџетот за високото образование за 20 отсто. Нивната иницијатива ја поддржаа и дел од просветните работници кои го отфрлаат договорот за зголемување на платите постигнат со српската влада со главниот синдикат за образование.

Вучиќ повеќе пати ги повика студентите да кажат кој документ недостасува, но обично тогаш аргументот е дека не е само тоа проблемот. Предметот за уривањето на натстершницата е исклучиво сега во надлежност на правосудните органи.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ за штрајкот на N1: „Богови на манипулацијата“

А1он

Вучиќ со Зеленски: Разговаравме за можностите за постигнување мир

Вучиќ: Истите земји секогаш лобираат против Србија, во корист на Приштина

А1он

Со голем митинг Вучиќ го започнува формирањето на ново народно движење

Горан Наумовски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

(ВИДЕО) Пукање во Сараево: Има ранети, полицијата на нозе