Вучиќ за фотографијата од Прага: Велат сум бил тажен како сирак и никој не ме сакал, а се сретнав со 38 лидери

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Нова Пазова, заедно со претставници на германската компанија MTU, отвори фабрика за поправка на делови за мотори за авиони MTU Maintenance Serbia, каде ги коментираше новинарските прашања во врска со актуелната состојба.

За средбите во Прага

Вучиќ ја коментираше фотографијата од Прага, каде е сам, додека некои други светски лидери зборуваат меѓу себе:

-Вчера во Прага се сретнав со 38 европски и светски лидери, мислам дека вчера никој немаше толку многу средби. Имав билатерални средби со Макрон и Шолц и Урсула фон дер Лајен, отидов во посебни простории за средба со претседателот на Чешка. Колку што се сеќавам, не разговарав со Пленковиќ иако се обиде нешто, не ги видов данскиот претставник, британскиот премиер и не разговарав со ерменскиот премиер. Кога ќе ја напуштиш државата во 7 сабајле и ќе се вратиш на полноќ, немаш ни ручек, цело време работиш, а ти викаат дека си тажен како сирак што никој не те сака, а ти ја добиваш честа да зборуваш на вечера меѓу 10 луѓе, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Вучиќ ги пречека земјоделците кои пристигнаа за саботниот митинг во Белград

Горан Наумовски

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Орбан со порака до Вучиќ: Не сте сами, може да сметате на унгарските патриоти