Вучиќ: Во Србија нема странците да одлучуваат, како што прават во една од околните земји

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија како држава е мала и дека мора да одржува добро односи со големити сили, но дека не смее да потклекне пред сите барања и дека мора да укажува на двојните аршини.

Тој кажа дека атмосферата во која што се води политиката не е лесна, а доколку Србија потклекне пред барањата на странците, како во „некои од околните земји“, тоа нема да има смисла.

– Доколку други ни одлучуваат, како што имате примери во некои околни земји, кој да биде обвинител, а кој судија, кога тие ќе бидат независни од народот, но зависни од нив, тогаш тоа веќе нема никаква смисла. Ние треба да градиме независни институции, но тие да бидат независни и од западните земји, рече Вучиќ.

Тој кажа дека во сабота ќе се знае конечната одлука дали со изборите во Белград во Србија ќе се одржуваат и вонредни парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија

Вучиќ го објави извештајот на руската ФСБ во кој се тврди дека на протестите во Белград не бил употребен звучен топ.

Предраг Петровиќ

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања