Вучиќ: Вишокот храна и енергија ќе го делиме со Македонија и Албанија

Од:

Србија, Албанија и Македонија се договорија за формирање заеднички комитет за меѓусебно помагање во соочувањето со заканата од недостиг на енергија и храна оваа зима поради кризата предизвикана од војната во Украина, соопштено е денеска.

На самитот на иницијативата Отворен Балкан во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама и македонскиот премиер Димитар Ковачевски се договорија за формирање тело кое ќе служи за споделување на вишокот енергија и храна.
АД

„Се наше ќе им биде достапно на Македонија и Албанија и обратно“, рече Вучиќ на прес-конференцијата.

Србија е речиси целосно зависна од увозот на руски гас, а околу 70% од потребите за електрична енергија се произведуваат во стари термоелектрани.

Македонија се потпира на фосилни горива и хидроенергија, а зависи и од увезената електрична енергија. Албанија најголемиот дел од електричната енергија ја произведува во хидроцентрали.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да има преодна влада додека сум жив, нема да прифатам уцени

Вучиќ: Целта беше да се изврши Шарена револуција во Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Србија се апсат лицата кои планирале државен удар

Горан Наумовски

Дојава за поставена бомба во близина на спортскиот центар Ташмајдан

Вучиќ во разговор со Трамп Јуниор: Сѐ што се случи во САД, се случува и во Србија

Српскиот парламент затворен од безбедносни причини