Вучиќ: Утре на командантот на КФОР му го предаваме барањето за враќање на војската на Србија на Косово

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ по седницата на Владата изјави дека во Владата е донесена одлука со барање за враќање на српските безбедносни сили според резолуцијата 1244. Тоа барање рече тој ќе биде доставена до командантот на КФОР.

Одлуката е донесена едногласно, вели Вучиќ додава дека тоа би било добра одлука и ќе ги намали тензиите.

„На седницата на Владата беше донесена одлука утре изутрина на административниот премин да му го предадеме на командантот на КФОР нашето барање, согласно Резолуцијата 1244, одреден број воени и полициски лица, во стотина, до 1.000, да се вратат на Косово. Одлуката е донесена едногласно и тоа е само почитување на меѓународното право. Тоа е важно и за безбедноста, за нашите граѓани на Косово, но нашите сили би ги контролирале и Јариње и Брњак. Сметаме дека враќањето на војската на Србија на Косово и Метохија ќе придонесе за намалување на тензиите и за подобрување на безбедносната ситуација“, рече Вучиќ.

Тој рече дека не очекува да биде прифатено нашето барање, иако тоа ќе придонесе за мир.

Како што изјави претседателот, ова е првпат српска влада да испрати барање за враќање на војската на Србија на Косово и потсети дека Зоран Ѓинѓиќ испратил писмо до тогашниот командант на НАТО во 2003 година, но дека тоа не било официјално барање. Вучиќ истакна дека ваквиот потег на Зоран Ѓинѓиќ бил исклучително важен.

Вучиќ вели дека побарал од претставниците на делот на меѓународната заедница да го почитуваат договорот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нормално е да ја следиме состојбата во Србија, но не очекувам прелевање кај нас

Предраг Петровиќ

БИА го приведе црногорскиот пратеник во Белград, тој синоќа со изјава ги поддржа студентите

ВИДЕО: Ги соблече панталоните и го покажа половиот орган на студентите кои сакаат да учат

Предраг Петровиќ

Промена на локацијата на протестот во Белград: Славија наместо пред Парлементот

Студентите од ФДУ: Снимката е автентична, се оградуваме, ние не сакаме преодна влада

Предраг Петровиќ

Напад среде ноќ: Учесниците на блокадите фрлаа предмети кон студентите во паркот „Пионир“