Вучиќ: Трамп обезбеди прекин на огнот во Газа уште пред да ја преземе функцијата

Од:

Многу е важно што е постигнат договор за мир на Блискиот Исток, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ го пофали новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за неговата улога во постигнувањето мировен договор меѓу Израел и Хамас.

„Длабока почит кон Доналд Трамп за обезбедувањето прекин на огнот и ослободувањето на заложниците пред тој официјално да ја преземе функцијата. Исто така, почит кон израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани и египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси. придонесот за „мирот е за пофалба“, рече претседателот на Србија.

Катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман во средата навечер објави дека е постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа, истакнувајќи дека неговата примена ќе започне оваа недела.

Прекинот на огнот доаѓа по 467 дена израелски геноцид во Газа. Од 7 октомври 2023 година, повеќе од 46.700 Палестинци, главно жени и деца, се убиени во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Секоја блокада е насилство, државата ќе го избере моментот да одговори

Трамп: Зеленски е подготвен да го предаде Крим на Русија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Откриен дел од разговорот меѓу Трамп и Зеленски на средбата во Ватикан

Трамп бара бесплатен премин за американските бродови низ Панамскиот и Суецкиот канал

Катерина Ѓуровски

Зеленски по средбата со Трамп: Ви благодарам, ова може да е историска средба

Трамп: Големата отстапка на Москва е што Русија не ја окупира цела Украина