Вучиќ: Телото на генерал Младиќ е преземено, треба да пристигне во Србија доцна попладнево

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека, според информациите што ги добил, телото на генералот Ратко Младиќ е преземено во Хаг и треба да пристигне во Србија доцна попладне.

„Колку што знам, телото е преземено и треба да пристигне во Србија доцна попладне“, рече Вучиќ за време на посетата на Ада.

Тој додаде дека верува оти синот на Младиќ, Дарко, ќе ја информира јавноста во наредните часови и денови за тоа што сака семејството кога станува збор за погребот на генералот Младиќ.

„Ќе бидеме таму, за да обезбедиме секаков вид логистика, транспорт и поддршка за зачувување на јавниот ред, мир и безбедност“, рече Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали е вистина дека телото на генералот Младиќ ќе пристигне во Србија денес.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мурал посветен на Ратко Младиќ во Источно Сараево

Вучиќ: Веќе сум информиран кој ќе биде министер за надворешни работи, ќе видите каква политика ќе водат

(ВИДЕО) „Политика“: Лидерот на Кавачкиот клан го славеше поразот на Вучиќ

Странските медиуми за пoразот на Вучиќ: „Сеизмички потрес на Балканот“

Горан Наумовски

Вучиќ открива пет приоритети за идната влада: Повисоки плати и пензии, бесплатна здравствена заштита и нови инвестиции

Горан Наумовски

Н1 одби да го прими Вучиќ во предизборна програма, жестоки реакции и обвинувања за цензура

Предраг Петровиќ