Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека стабилноста на Западен Балкан зависи од добрите односи меѓу Србите и босанските муслимани.
Вучиќ денеска за време на посетата на Сараево изјави дека разговарал со босанските лидери за потесната политичка и економска соработка меѓу двете земји.
Тој истакна дека им предложил на босанските претставници зајакнување на соработката во сферата на воената индустрија, туризмот и безбедноста.