Вучиќ: Србија нема да воведе санкции кон Русија

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ја соопшти одлуката на Советот за национална безбедност во десетина точки според која нема да воведе санкции кон Руската федерација.

Според него, Србија ќе се води од сопствените економски интереси, и својата надворешна политика, без разлика на силните притисоци како никогаш досега.

-На кого да му воведеме санкции? На тие што никогаш не ни воведоа кога сите ни воведоа? Тие кои единствени се кои го гарантираат интегритетот на Србија во ОН, праша Вучиќ.

Сепак, Србија истакна дека го почитува меѓународното право и територијалниот интегритет на Украина и се понуди за секаква помош од хуманитарен карактер.

Тој рече дека Србија не заборави што се случило 1999 година кога 19 членки на НАТО ја бомбардираа земјата. Според Вучиќ не може Србија да не биде и фер кон Украина која секогаш давала поддршка за територијалниот интегритет на Србија.

На замерките како ќе реагира ЕУ по оваа одлука на Србија, Вучиќ кажа дека тоа е одлука зад која стои тој и ќе ја преземе вината.

-Ако мислев поинаку, санкции ќе и воведевме на Русија, но ја не мислам така. Ако треба да препишуваме одлуки во Брисел, тогаш да не бираме претседател на држава туку на куќен совет, па нека препишува се што ќе одлучува. Мора да разберете дека ние имаме сопствени интереси кои се разликуваат од тие на Брисел, рече Вучиќ.

-Јас сум претседател уште три четири дена. Моето беше да ја сочувам Србија и да носам најдобри одлуки во интерес на Србија. Не сум воопшто исплашен иако имав многу тешки разговори. Ќе се зибориме, нема да биде лесно, но ова е во интерес на нашата земја, рече тој.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува

Горан Наумовски

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца

Путин: Помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно, само е прашање на време

Зеленски: Прекин на огнот во војната со Русија е можен во секој момент

„Њујорк тајмс“: Украина ќе добие ракетен систем „Патриот“